Ова е најмоќната комбинација на две состојки

Доколку можете да стекнете навика овие две состојки да ги конзумирате почесто, вашиот организам ќе ви биде многу благодарен. Станува збор за циметот и медот.

Конзумирањето на медот и циметот придонесува за подобрување на имунолошкиот систем, го подобрува системот за варење, а поволно влијае и на работата на срцето,а ја подобрува и состојбата на коските, кожата и косата. Освен тоа, овие две состојки помагаат и во борбата против вишокот килограми.

Двете намирници содржат витамини и минерали кои помагаат во подобрувањето на општото здравје, а богати се и со хранливи материи како вода, протеини, природни влакна и шеќери. Циметот содржи и ниско ниво на масти. Освен тоа, оваа моќна комбинација содржи витамини А, Б. Ц, Е и Д и минерали како калциум, магнезиум и цинк.

Комбинацијата не мед и цимет помага во борбата против дијабетес, срцеви заболувања и артритис, а научниците тврдат дека се одлични и за превенција на рак.

Скапите креми можат да се заменат со оваа природна комбинација, која ќе придонесе за здрав изглед на кожата, а ќе го реши проблемот на појавата на акни и кожни инфекции.