Ова е најголемиот совет за моите ќерки

Сè што научив во животот би сакала да им го пренесам и на своите ќерки. Понекогаш не сум најдобрата мајка, но навистина се трудам премногу. Постојано правам напори да ги научам дека не треба да бидат нервозни, лути и бесни на светот, да не ги повредуваат луѓето.

Сепак, сакам да им кажам и дека во текот на животот различни луѓе кои тие ги познаваат ќе направат различни работи, намерно или ненамерно. Сакам да им кажам дека голем дел од тие работи кои ќе бидат направени од другите луѓе, немаат никаква  врска со нив. Дека луѓето се едноставно такви, дека не можеме да ги менуваме, туку можеме да ги прифатиме или да не ги прифатиме, да ги сакаме или да не ги сакаме.

Иако постојано им повторувам, сакам и во праксата да им покажам дека најважно е да се сакаат себеси. Да се почитуваат себеси и никогаш да не дозволуваат да веруваат дека другите треба да одлучат колку тие вредам. Затоа, постојано им повторувам прво да научат да се сакаат себеси, пред да ги засакаат другите луѓе. Кога растев мислев тоа е гордост, но денес знам и сакам да ги научам дека тоа е грижа за себе.

Но, не зборувам често. Сакам тие да го искористат мојот пример. Си подарувам себеси време  за кафиња со пријателките, излегувања и концерти за да ги научам дека што и да се случи, никогаш не треба да заборават на себе. Понекогаш се лути што не ги земам со себе, но со тек на време ќе научат што значи љубовта кон себе.

Јас немав таков пример. Мојата мајка беше од оние кои му робуваат на својот сопруг, на домот и своите деца. Мојата мајка никогаш не излегуваше и имаше заборавено на животните задоволства.

Тоа е така бидејќи неа никој не ја научил да се сака себе. Да земе воздишка, да си дозволи да ужива, да одмори од работата, да застане малку. Најважно од сè, да најде време за себе, корисно време за себе.

Затоа, ќерки мои сакам да знаете: сакајте ги луѓето, но себе сакајте се најмногу. Бидете добри луѓе!