Ова е најчест симптом на флурона, комбинирана зараза со коронавирус и грип

Заболувањето флурона се појавува кога еден пациент е во исто време заразен и со вирусот сарс-ков-2 и со грип. 

Клиничката слика на болеста е слична како или при ковид-19 или грип, но присуството на двата вируса го отежнува лечењето. Лицето ќе почувствува дека телесната температура е покачена, но и општа слабост во целото тело, како и вообичаените симптоми на респираторни инфекции. 

Српските лекари сметаат дека ни претстои сезона кога ќе порасне бројот на двојни зарази. Типично на заразата со омикрон, но и кој и да било сој на коронавирусот е што температурата се движи околу 38 степени, додека пак при грип може да биде и 39,5 или 40.

Всушност, по тоа и ќе препознаете дали можеби имате грип или флурона, наместо обична зараза со коронавирус, бидејќи значајно покачената телесна температура е најчест симптом на грипот. 

Од друга страна, симптомите варираат од едно до друго лице, па најсигурен начин да дознаете дали имате ковид, грип или и двете е да направите тест и да се советувате со вашиот матичен лекар.