Ова е мажот кој трпеливо го чекам...

Да, моментално сум сама. И да, така планирам да биде уште некое време. И кога конечно ќе се решам да влетам во врска, нема да лажам, ама ќе бидам многу пребирлива за следниот маж со кој ќе бидам. Затоа што следниот маж сакам да биде правиот, оној со кој ќе го поминам остатокот од животот.

Веќе не се задоволувам со „Ај ќе пробам, па ќе видиме“. Следниот маж кој ќе го сакам ќе биде маж од кој ќе ми се тресат колениците. Тој ќе биде мажот со кого ќе сакам да живеам до вечноста и назад. Тој ќе биде мажот со кој ќе остарам. Со кого ќе се омажам и ќе започнам семејство.

Да, подготвена сум да си го чекам принцот на бел коњ. Зошто да се задоволам со помалку, кога животот треба да се живее со полни гради?

Нема да си ги намалам стандардите само затоа што ми недостига врска. Си ја научив добро таа лекција и повеќе нема лабаво излегување. Сакам да започнам живот.

Сакам да запознаам некој поради кој срцето ќе ми чука забрзано. Сакам да ги чувствувам пеперутките кога ќе го видам. Сакам некој кој ќе прави да се смешкам и смејам на глас. Некој кој ќе прави да се чувствувам среќно и исполнето. Сакам некој на кого постојано ќе мислам.

Ќе го чекам дечкото што има смисла за хумор. Убава насмевка. Дечко кој ќе ми закаже состанок и ќе ме чека пред влез. Дечко кој ќе ме однесе на состанок кој тој го испланирал. Некој кој ќе ми покаже дека кавалерството не е мртво.

И не ги сакам овие работи затоа што сум разгалена. Само сакам некој кој навистина ќе се грижи. Некој кој сака да ги сподели своите посебни мигови со мене. Некој кој ме сака покрај себе.

Подготвена сум да го чекам дечкото кој лудо ќе се заљуби во мене. Дечкото кој ќе ми го побара бројот и ќе се јави за да правиме нешто заедно. Дечкото кој сака да поминува време со мене.

Која е поентата да имаш маж кој само чека ти да преземеш иницијатива? Јас заслужувам некој кој ќе се потруди да биде со мене. Не ме сфаќајте погрешно. Никој не е совршен. Но, сакам некој во кој лудо ќе се заљубам. Некој на кој ќе можам да се потпрам и во добро и во зло.

Кој и да си, каде и да си, знам дека еден ден ќе се сретнеме и јас трпеливо те чекам.