Ова е љубовта која секој од нас ја заслужува

Љубовта која треба да ја чекаме нема да дозволи да одиме на спиење со тага и солзи на очите. Тоа е едноставна љубов, без компликации и без драма. 

Љубов која не ја троши енергијата со измешани сигнали. Која не создава фрустрација и која не те тера да се сомневаш во себеси. Таквата љубов не те тера да се прашуваш дали другата страна те сака онака како што заслужуваш да бидеш сакан и почитуван.

Таквата љубов не дозволува да се прашуваш каде оди врската или пак да се обидуваш да најдеш некаква дефиниција. Таа личност не дозволува да се скријат важни вистини, таа личност не се откажува од вас без оглед на тоа колку се тешки нештата. Спротивно на тоа, личноста која  ве сака има волја да зборува отворено, да научи за вашите маани и доблести, за разликите кои постојат меѓу вас и таа личност не дозволува долго да сте разделени.

Со таа личност, целиот свет исчезнува и престанувате да се грижите за тоа што мислат другите, за тоа што е правилно, точно или неточно. Не градите идеали, не се трудите да живеете по некои правила, туку само живеете. Среќни.

Ваквата љубов нема да сакате да ја замените со ништо друго на светот.

Импресионирани сте самите од себе од тоа колку можете да сакате една личност, но и од тоа колку можете да бидете сакани. Учите секој ден, учите постојано, но се чувствувате мирно и исполнето, спокојно, сакано.

Секој ден е нова страна, секој момент е магичен. Таква е вистинската љубов. Знаете дека и таа носи кавги и дека патот пред вас носи предизвици и проблеми, но подготвени сте да се борите. Бидејќи знаете -  тоа е тоа. Таква е вистинската љубов.