Ова е годината во која треба да се ослободиме од сите нешта кои не ни се потребни во животот

Ова е годината кога треба да го исчистиме својот пат за да можеме да погледнеме во иднината и да го видиме светлото на хоризонтот.

Ова е годината кога конечно треба да престанеме да се ослободиме од лошите навики и рутини кои само нè оставаа на исто место постојано. Ова е годината во која конечно треба да се ослободиме од старата облека, токсичните луѓе и сите оние работи кои не ни се потребни во нашиот простор.

Ако не можеме да ги замислиме во нашиот живот во 2030 година, тогаш тие не се за нас.

Некои работи се добри за нас само за одреден период, но не и предолго. Растеме, созреваме, ги менуваме своите перспективи и продолжуваме напред. Но, поголем дел од луѓето заглавуваат во лоши врски, непријатни ситуации, пријателства кои не вредат мислејќи дека нема да најдат подобро или дека така треба. Но, никогаш не знаеме што ни носи животот.

Затоа, не ни е потребна некаква прашина од минатото, стари остатоци, работи, нешта и луѓе кои се тука бидејќи не сме решиле дека е време да го освежиме својот живот. Но, ова е најдобрата година за тоа. По пандемијата, време е за нови почетоци, за надеж и за среќа која сите ја заслужуваме.

Ако сте во врска во која не се гледате за неколку години од сега, која ве задушува и која ве измачува, ако сте во град во кој не се развивате, каде не се гледате себеси во иднина, ако работите работа која постојано ве истоштува и која не ви носи никаква вредност на крајот на денот.

Време е да го изградите својот живот онака како што сакате, чекор по чекор. Не можете да ги смените сите аспекти, но со сигурност можете да поработите на оние делови каде се можни промени. Штом решите што е тоа, клопчето полека ќе почне да се отплеткува и да ви носи можности, една по една. 

Кога ќе оставиме простор во нашиот живот за таквите можности, кога ќе донесеме одлука дека е време за промени, тогаш можеме и да се подготвиме за нив и да ги реализираме.