Ова е главната причина поради која немате среќа во љубовта

Откријте ја вистинската причина поради која често сте сами и немате среќа во љубовта…

Колку и да се трудите, од врска во врска, едноставно не оди. Немате, па немате среќа во љубовта и постојано, како во некој циркуларен свет, ви се вртат исти, неуспешни љубовни приказни.

Повеќето луѓе тогаш прават грешка која ги води во идентични приказни уште повеќе: не застануваат и не размислуваат за своите минати врски, а без тоа тешко може да започне и еден поубав период.

На пример, обидете се да се сетите како изгледал вашиот однос со родителите во текот на тинејџерскиот период. Всушност, најновото истражување покажува дека односот со родителите во тие години може силно да влијае на нашите романтични врски подоцна во животот.

Студијата во која учествувале 2.970 испитаници покажала силна врска помеѓу односот со родителите во пубертетот и квалитетот на љубовниот живот. Односно, резултатите покажале дека лицата кои во текот на тинејџерскиот период имале здрави односи со родителите, подоцна во животот имале и поздрави, поуспешни врски. Од друга страна, оние кои израснале во некој вид на проблематичен однос, не можеле да се пофалат со квалитетен љубовен живот.

Ова секако не треба да значи дека за тоа треба да се обвинуваат родителите. Наместо тоа, наведуваат експертите, бидете свесни дека сте возрасна личност, која треба да преземе одговорност за својот љубовен живот, односно врските.

„Како возрасна личност морате да разберете како ви влијаел односот со родителите на понатамошниот љубовен живот. Кога тоа ќе го сфатите, преземете и конкретни чекори за да го промените своето однесување, секако, ако имате негативен образец“, вели професорот Мет Џонсон од Универзитетот Алберт, кој го предводел истражувањето.