Ова е една од најдобрите новогодишни одлуки за кои сме чуле

За Елизабет, тоа беше еден од оние „Аха!“ моменти, момент кога одлучи да престане да очекува од животот да биде предвидлив, лесен и мирен.

Таа вели: „Какво олеснување беше тоа! Па така одлучив мојата новогодишна одлука да ја посветам токму на тоа – секоја промена да ја прифаќам со отворени раце и отворено срце.“

Елизабет Лесер работи во еден спиритуален центар, каде имала можност одблизу да гледа како многумина се носат со промени.

Таа вели дека секој тежок момент треба да се обидеме да го гледаме како можност за раст и да бидеме отворени пред сите предизвици.

Добри промени, лоши промени, деструктивни промени, трансформативни промени... Обидете се да не им се спротиставувате, спријателете се со нив, без оглед на тоа во каква форма ќе ви се појават.

Животот е преголем за да можеме во целост да го сфатиме, особено со нашето исплашено срце. И затоа, во време на големи промени, добро е да се биде нежен, внимателен и трпелив кон себеси.

Важно е да се опуштате, затоа што, сетете се, најдобри помирители се оние кои веќе се во мир самите со себе.

Смирете се, слушнете ја вистината која ви ја носи ветерот на промените: информации за минатото, мудрост за сегашноста и упатство за сегашноста.

Теологот Хауард Труман рекол: „Не се прашувајте што му е потребно на светот. Прашувајте се што е она што ве прави да се чувствувате живо и предајте му се на тоа. На светот му се потребни луѓе кои се живи.“

И затоа, на самиот почеток на 2024 година, запрашајте се себеси што е она што ве прави живи и предајте им се на тие работи...