Ова е еден од омилените оброци на слониците Дуња и Даела во ЗОО Скопје (фото)

Слониците од скопската зоолошка градина, Дуња и Даела, покрај богатите оброци од овошје и зеленчук, најмногу уживаат во путерот од кикирики. Тие деновиве имале таква гозба подготвена од тимот на ЗОО Скопје, а како што може да се види на фотографиите, лебот со путерот го збогатиле и со јаткасти плодови.