Ова беше една од најдобрите и најтешките години во мојот живот...

Ова беше една од најдобрите и најтешките години во мојот живот, научив дека сѐ е минливо.

Моментите. Луѓето. Чувствата. Цвеќињата.

Научив дека суштината на љубовта е во давањето. Сѐ. И трпењето болка.

Научив дека ранливоста секогаш е вистинскиот избор, затоа што лесно е да бидеш ладен во свет кој толку многу ти забранува да бидеш топол.

Научив дека сѐ доаѓа во пар. Живот и смрт, болка и радост, сол и шеќер. Ти и јас. Тоа е рамнотежата на Универзумот.

Ова беше година на силна болка и добар живот. Странци станаа пријатели. Пријатели станаа странци.

Дознав дека сладоледот од чоколадо и ментол лечи речиси сѐ. За она што не го лечи, тука се рацете на мојата мајка.

Мораме да се сосредоточиме на топлата енергија. Секогаш. Во неа да ги потопиме екстремитетите и да му бидеме подобри љубовници на светот.

Затоа што ако не можеме да научиме како да бидеме нежни едни кон други, како ќе знаеме да бидеме нежни кон најочајните делови од нашата душа?

Рупи Каур