ОУ „Тихомир Милошевски“ во Ново Село чека 6 нови училници

Шест училници, училишна трпезарија и други помошни простории е предвидено годинава да се изградат во ООУ „Тихомир Милошевски“ во општина Ѓорче Петров, каде има голем број ученици и недоволно училници.

Со доградбата на училниците треба да се подобрат условите за редовна и дополнителна настава, за слободни и воннаставни ученички активности и дневен престој во ова училиште кое се наоѓа во Ново Село, руралниот дел од општината каде што во последно време има голема миграција на население и населбата е скоро двојно поголема од пред 15-тина години.

Во ова училиште сега учат повеќе од 530 ученици. Со изградбата на дополните 6 училници ќе се овозможи и кабинетска настава.

nike air max 1 sale