ОУ „Ј.Х.Песталоци“ доби еколошки кров

Основното училиште во Општина Центар „Јохан Хајнрих Песталоци“ доби нов и еколошки кров. Делот над свечената сала во основното училиште е заменет со челичен, поцинкуван и пластифициран ребраст лим. Истиот е од висок квалитет и еколошки стандарди. Вкупната конструкција поркива 375 метри квадратни.

Градоналачникот на Општина Центар ја вети оваа реконструкција, веднаш по реконстукцијата на фискултураната сала во истото училиште. Кровот кој беше заменет, беше стар повеќе од 30 години, направен од Азбест, материјал за кој е докажано дека е канцероген. Материјалот е забранет во голем број развиени земји од причина што испитувања докажале дека емитува радијација.

Материјалот е нашироко употребуван во изградбата на Скопје по земјотресот и може да се забележи речиси насекаде. Во тек е негово отстранување, но сеуште не е со закон регулирана неговата употреба.
Наредно нешто то ќе реконструира Општина Центар ќе биде градинката „13 Ноември“ веднаш зад споменатотот училиште.