ОУ „Димитар Миладинов“ доби нова фаса

Промовиран проектот финансиски поддржан од Европската Унија. Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и пратеникот Хари Локвенец за време на промовирањето на проектот посочија дека Амбасадата на Бугарија во земјава, одвои 135.000 евра за реконструкција и нова енергетски ефикасна фасада на основното училиште „Димитар Миладинов“.

„Нашите деца заслужуваат најдобро и ние како општина ќе продолжиме по Европскиот пат“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Пратеникот Локвенец пак посочи дека со влезот во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ се зајакнува довербата во нашата економија, а Македонија станува поволна дестинација за поголеми странски инвестиции.