Отворено писмо до чувствителната девојка

Драга девојко,

Те гледам како бегаш од ситуации каде луѓето можат да те забележаш дека чувствуваш премногу. Се плашиш од луѓето и мислиш дека ќе се срушиш како кула од карти, ако уште една личност те повреди.

Сакаш да бидеш сакана и почувствувана таква каква што си, но никој не може да го забележи тоа. Сите ја мешаат твојата ранливост, со наивност и глупавост.

Но, не можеш да ги туркаш луѓето далеку од себе. Не можеш постојано да се изолираш од сите нив. Не можеш да мислиш дека сите се исти – дека ќе те повредат. Знам дека е тешко бидејќи си била повредена милион пати. Знам дека е тешко бидејќи досега им даде милион шанси на луѓето околу тебе.

Но, не е погрешно да се биде кршлива и чувствителна. Не е погрешно да се заштитиш себеси од другите. Но, не можеш тоа да го правиш вака – не можеш да ја блокираш љубовта од другите.

За тебе секое скршено срце е како првиот пат. Но, заштити се себеси, стави го околу себе својот оклоп, но не ги отфрлај луѓето. Не бегај од оние кои те сакаат.

Ти имаш сила повеќе од било кој друг. Ти си силна поради својата чувствителност. Ти си најсилна, бидејќи сите нешта ги чувствуваш силно и длабоко.

Обиди се.