Отворени голем број на работни позиции во државна администрација

Во тек се голем број на огласи за вработување во државната администрација. 

До првите денови на ноември, зависно од огласот, може да аплицирате на огласот за кој ги исполнувате квалификациите, доколку барате ваков тип на работно место. 

Општина Аеродром вработува лице на позицијата „раководител за внатрешна ревизија“ и „советник за управување со имот“.

Отворени се повеќе работни позиции во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. 

Повеќе работни позиции нуди и Министерството за правда, Управата за водење матични книги, како и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. 

Огласите во целост може да ги видите на следниов линк.