Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска од терен уште еднаш упати апел до ЈП Водовод и канализација на Град Скопје за итно преземање на соодветни мерки во врска со отворената шахта спроти трговскиот центар Скопјанка.
Како што рече, отоврената шахта, претставува опасност и ризик од загрозување на безбедното движење на граѓаните.
Преку социјалните медиуми до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов минатата седмица добиена е пријава од граѓани за две отворени шахти во општина Аеродром - едната спроти ТЦ „Скопјанка", а другата веднаш после подземен премин, на булевар „Кузман Јосигфовски - Питу", зграда бр. 28 (пред „Спортлајф").
ЦУК веднаш по пријавата ги извести ЈП Водовод и канализација на Град Скопје од каде добиле одговор дека и двете шахти се во сопственост на станарите и деловните објекти во околните згради.
Бидејќи местото на кое се наоѓа отворената шахта е доста фреквентно, а во вечерните часови видливоста е значително намалена, повикуваме на итно санирање и решавање на овој проблем, порача Ангелов.