Отворена музејската библиотека во Музејот на македонска борба

Во изминатиов период  Музејот на македонската борба, Скопје, активно работеше на отварање на Музејската библиотека.

Од Музејот информираат дека материјалот е подреден по одреден редослед според систем на класификација , со цел потребниот материјал да биде лесно лоциран и достапен. Музејот исто така ќе биде вклучен во проектот Виртуелна библиотека на Македонија на Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски “- Скопје, додаваат од Музејот.

-Виртуелна библиотека на Македонија е проект за поврзување на сите видови библиотеки од Република Македонија (национална, јавни, високообразовни, универзитетски, специјализирани, училишни) во единствен национален библиотечно-информациски систем. Овој систем се гради врз платформата и истоимената програмската поддршка COBISS (Cooperative Online Bibliographic System and Services), коишто ги развива Институтот за информациски науки - ИЗУМ од Словенија. Музејот исто така активно работи и на зголемување на фондот на книги - информираат од Музејот на македонска борба.