Отворена детска градинка во Стајковци

Новата градинка во Стајковци ќе згрижува деца од 2 до 6-годишна возраст.  Објектот е пуштен во употреба од денеска. Новиот објект „Пеперутка“ е во состав на градинката „25 мај“, а има капацитет од 136 деца. 

Градинката е во целост изградена од страна на опшштина Гази Баба, а за нејзината иградба беа наменети 30 милиони денари, додека опремувањето на градинката е со поддршка на Владата и МТСП, рече градоначалникот Борис Георгиевски.