Отворен Саем за туризам во Скопје

Во просториите на Ист Гејт Мол во Скопје денеска е отворен Саем на туризам, каде ќе се презентираат дваесет хотелиери од Турција.

Како што е најавено, посетителите на саемот ќе имаат можност да го резервираат својот летен одмор и туристичко патување по специјални попусти кои ќе бидат достапни директно на саемот, така што за нив се предвидени и подароци, но исто така се потенцијални добитници на подарок летување во Турција или Грција.

-На саемот ќе се презентираат 20 хотелиери од Турција кои на македонските  граѓани им се познати бидејќи Анталија им е една од омилените дестинации за летен одмор, се наведува во соопштението.

На настанот ќе се обрати Емрах Сејид, генерален менаџер на ВАС Тур Турција, Елизабета Кочева Јосифовска од ЈК Травел и Љупчо Јаневски од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во земјава.