Отворен предновогодишен хепенинг во Бутел

Денеска,Градоначалникот на Општина Бутел г-дин Велимир Смилевски го означи почетокот на настаните и активностите во рамки на предновогодишниот хепенинг.

Граѓаните на општина Бутел ќе имаат можност во наредните два дена да празнуваат во настапите на културно уметнички друштва,познати естрадни пејачи како и пречекот на Дедо Мраз.

Во рамки на предновогодошните активности,денес градоначалникот Смилевски подели новогодишни пакетчиња на дечињата од јавната детска установа за деца 11 Октомври.