Отворен повик за сите нерегистрирани лица да се пријават во матичната служба

Министерството за труд и социјална политика и управата за матична евиденција упатија повик  од 1 април во наредните шест месеци за сите нерегистрирани лица да се пријават во матичните служби  во подрачните  единици, изјави минисерката Мила Царовска.

На овој начин надлежните очекуваат да се реши статусот на  оние лица кои воопшто не се евидентирани во системот.

Целта на овој повик е да се пријават сите лица кои се родени во Македонија а немаат извод од матична книга.