Отворен парк за миленици во Паркот на новинари

Отворен  е паркот на миленици, кој е во рамки на Паркот на новинари. Општина Центар го најави овој парк на Светскиот ден на љубов кон миленикот, 23 февруари. 

- И официјално го пуштивме во употреба новиот парк за миленичиња, кој се наоѓа меѓу Градски sид и Капиштец. Нека ни е со среќа - објави на Фејсбук градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Паркот, спроти Министерството за образование и наука, е на површина од 308 метри квадратни. Околу просторот е поставена ограда висока 2 метри. Во паркот од урбана опрема се поставени клупи и корпи за отпадоци.