Отворен лифт среде Скопје, граѓаните без никакво предупредување во катната гаража „Кресненско востание“ (ФОТО)

Среде Скопје животот на граѓаните е загрозен.

Станува збор за лифт во катната гаража Кресненско востание кој е целосно отворен и небезбеден за граѓаните, а притоа нема никаква ознака за предупредување.

Читателите кои ни ги испратија овие фотографии се сведоци на ужасната слика која се забележува во еден од ходниците на гаражата.

За среќа засега иако нема предупредување не дошло до поголема несреќа, но дали надлежните го чекаат тоа за да преземат посериозно мерки и да се фатат за работа останува да видиме.