Отворен дополнителен шалтер на УЈП во општина Гази Баба

Ги известуваме граѓаните на општина Гази Баба дека во рамки на едношалтерскиот систем на општината е отворен времен шалтер на УЈП каде граѓаните ќе можат да ги остават барањата за регистрација и да извршат регистрација во системот е-ПДД. Шалтерот на УЈП ќе биде отворен до 31.12.2018 година, со работно време од 08:00 до 16:00 часот. За дополнителни информации граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000.