ЈП Лајка организира отворен ден за сите граѓани кои се заинтересирани да се вклучат во активностите кои подразбираат хуман третман на заловените миленици.
Отворениот ден ќе се одржи на 5 јуни од 10 до 14 часот. Волонтерите ќе можат да придонесат за добрата состојба на кучињата, со нивно хранење, бањање, прошетки и игри.
Притоа ќе може да добијат повеќе информации за секое од нив, за целиот хуман третман низ кој што имаат успешно поминато, за процесот на вдомување, како и практични совети при вдомување на куче.
Бројот на места е ограничен, па затоа е потребно заинтересираните да го потврдат своето присуство на volontiraj@lajka.com.mk.