Отворен ден во археолошкиот локалитет Стоби

Во рамки на проектот „Еуropov platino Stobi, европскто минато и иднина, културни вредности“ денеска во археолошкиот локалитет Стоби се одржа Отворен ден, на кој присутни беа учесници во проектот од земјава и соседна Грција, како и ученици од Велес, Градско, Росоман и Кавадарци.

Како што информира за МИА, Марија Џунова портпарол на Националната установа Стоби, во тие рамки денеска за посетителите беше прикажана Демонстрација на изработка на мозаик од страна на конзерваторот на мозаици Томе Филов од НУ Стоби.

Посетителите имаа можност низ Стоби да ги води стручно лице археологот Димитар Николовски, кој подетално ги запозна со досегашните и најнови истражување во археолошкиот локалитет Стоби. Во рамки на програмата се одржа и јавна дискусија  за културното наследство на која учествуваа соработници во проектот македонски стручни лица  и од соседна Грција.

- Целта на денешниот Отворен ден во Стоби беше да се презентира проектот,воедно и да промовира културното наследство во Стоби, потенцира Џунова.