Отворен ден на општина Илинден, секој четврток од 13 до 16 часот

Отворениот ден на општина Илинден ќе се реализира секој четврток од 13:00 до 16:00 часот.

Сите заинтересирани граѓани во овој термин можат да остварат средба со стручните служби на општината, со директорите на јавните претпријатија и со градоначалникот. На средбите, граѓаните ќе можат да ги посочат своите проблеми, да ги претстават своите идеи, предлог-проекти, како и да придвижат нови иницијативи.

За да остварат средба граѓаните ќе мораат претходно да закажат термин на тел. 02 2571 703 и 02 2571 704, и да ја наведат причината за средбата, за стручните служби да бидат подготвени да им одговорат на потребите.