Отворање нов објект на полициската станица во Ѓорче Петров

Во Ѓорче Петров напладне ќе биде отворен новиот објект на полициската станица која се наоѓа до црквата „Св. Петар и Павле“.

На отворањето најавено е присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и на градоначалниците на Град Скопје и на општина Ѓорче Петров, Петре Шилегов и Александар Наумоски.