Отстранети вкупно 227 возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (06.08 – 12.08.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 227 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 18 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 209 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 279 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 18 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.