Комуналната инспекција на Општина Центар денес интервенираше во просторот околу Зелено Пазарче, информира градоначалникот на општината на неговиот фејсбук профил.
Дивите препродавачи на производи се дислоцирани, а пешачките улички и патеки во околината се повторно слободни и проодни, вели во објавата.
„Уште еднаш упатувам апел до сите препродавачи да се придржуваат до одредбите за користење на јавната површина, во спротивно, производите ќе им бидат одземени и согласно законите, ќе им биде изречена парична глоба“, предупредува Богдановиќ.