Отстранети 50 кубни отпад од Чаир и Ѓорче, на „Пластичарска“ повторно се појави дива депонија

ЈП Комунална хигиена - Скопје извести дека во текот на на изминатото деноноќие нивни екипи реализирале низа активности со кои се отстранети и транспортирани 50 кубни отпад од диви депонии.

„Активностите се одвиваа на неколку локации во општината Ѓорче Петров - на улиците Борис Сарафов, Ѓорче Петров и Македонска војска, како и во општината Чаир- на булеварот Втора македонска бригада и на улицата Џон Кенеди.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата ноќ повторно интервенираа и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) каде што е отстранета дива депонија лоцирана на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД“, се вели во соопштението на ЈП Комунална хигиена – Скопје.