Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена - Скопје отстранија повеќе диви депонии лоцирани во скопскaта општина Чаир велат од претпријатието
„Интервенирано е на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, на булеварот Крсте Мисирков, како и на неколку локации во населбата Серава. Во рамките на вчерашните активности беа подигнати вкупно 40 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени на јавни и сообраќајни површини“, се додава во соопштението на ЈП Комунална хигиена - Скопје.