Отсечени полови органи и човечко срце - најсвирепите убиства во Скопје

Илјадници експонати од извршени злосторства во текот на изминатите години можат да се видат во Музејот на криминалистика, единствен од ваков вид во Македонија, кој се наоѓа во Центарот за обука на МВР во Идризово. Најголем дел од нив потекнуваат од 60-тите и 70-тите години на минатиот век.

Кога шетате во Музејот и кога ги разгледувате сиве овие морничави експонати, си помислувате дека можеби не се вистински. Но, зад секој од нив има приказна. Во стаклените витрини, се изложени срцето на убиен полициски службеник, отсечената вагина на некоја несреќна девојка, отсечениот пенис пронајден во Градскиот парк во Скопје...

Отсечена вагина со шрафцигер

Половиот орган е на жена од скопското село Бразда, која била силувана од страна на тројца сторители. Силувачите потоа ја убиле и со шрафцигер и го отсекле половиот орган. 

Прободено срце со пиштол-пенкало

Во тегла со формалин има човечко срце од полициски службеник кој бил убиен со пиштол-пенкало на патот Скопје-Тетово.

Пронајден машки полов орган во Градски парк – не се знае чиј е

Во 1968 година се случиле серија силувања во Градскиот парк во Скопје. Неколку денови по последното силување е пронајден пенисот. За него има две неофицијални верзии: едната е дека полицијата го пронашла и го убила силувачот, му го отсекла половиот орган и го фрлила во паркот како предупредување за идни сторители. Втората верзија е дека некој од семејствата на жртвите што бие силувани го убил сторителот, а полицијата го заштитува убиецот. Официјално, полицијата почнала истрага, но жртва со такви повреди не била пријавена никаде во државава. Според судски медицинари, кои го посетиле Музејот, човек со отсечен пенис би можел да преживее, но само со медицинска нега. А во тој период никаде не бил пријавен човек со ваква повреда и целиот случај останал мистерија. По оваа случка, во Градскиот парк немало силувања четири и пол години.