Отровни очекувања кои го уништуваат вашиот живот

Сите луѓе имаат очекувања и замисли од животот, некои повеќе, некои помалку. Има очекувања кои нѐ поттурнуваат понапред, а има очекувања кои се отровни и нѐ влечат надолу. Денес ви ги наведуваме очекувањата кои ја спречуваат вашата среќа и ви го уништуваат животот.

Можностите сами ќе се појават

Луѓето често имаат очекувања дека најдобрите животни шанси ќе им паднат од небо и поради тоа значително се ограничуваат и оставени се на милост и немилост на туѓите каприциозности. Наместо тоа, прифатете го фактот дека морате да се помачите да го добиете тоа што го сакате во животот.

Еве неколку совети како да пронајдете можности во животот:

- Бидете љубопитни

- Одвреме-навреме пробувајте нови работи

- Запознавајте луѓе надвор од вашиот секојдневен круг

Треба да им се допаднам на сите

Суровата вистина е дека нема да им се допаднете на сите луѓе кои ќе ги запознаете, без оглед на тоа колку го сакате тоа. Но, добрата вест е дека во поголемиот дел тоа е поради нив самите, а не поради вас. Кога ќе престанете да очекувате дека на сите ќе им се допаднете, вие ќе поставите темели за смислени односи и постепено стекнување доверба и почит, а ќе избегнете и непотребни нервози.

Животот ќе биде фер кон вас

Сите знаеме дека животот не е фер, но иако го знаеме тоа како теорија, понекогаш ни е тешко да го прифатиме тој факт. Многу луѓе потсвесно очекуваат дека сѐ ќе се избалансира и животот ќе биде фер. Но, ако очекувате работите сами да се поправат, време е да заземети поактивен став и да се потрудите самите да ги надминете пречките во животот.

Луѓето можат да ми ги читаат мислите

Ова очекување особено е проблематично во романтичните односи, но може да предизвикаат проблеми во сите животни полиња. Ако претпоставиме дека луѓето секогаш можат да претпостават што сакаме да кажеме, тогаш нема да се трудите да се дообјасните, а резултатот од тоа е дека ќе останете несфатени. За да ги подобрите своите комуникациски вештини, ставете се на местото на другата личност. Што другата личност мисли за тоа што се обидувате да го кажете? Кои дополнителни информации и се потребни за целосно да ве разбере?

Другите луѓе би требало да се сложуваат со мене

Тоа е зезнато очекување: Вие заслужувате да бидете сфатени сериозно и луѓето да ве слушаат. Сепак, обидете се да запомните дека секој човек има свој поглед на светот и сосема е нормално некои луѓе да се сложуваат со вашите размислувања, а некои нема да се сложуваат.

Материјалното богатство ќе ми донесе среќа

Секако дека одредена доза материјална сигурност е одлична и посакувана и го прави животот поудобен. Но, не паѓајте во замката дека купувањето на што е можно повеќе предмети ќе ви донесе вистинска среќа во животот. Она што ќе ни донесе среќа не е имотната корист, туку пронаоѓањето смисла во животот. А нема да ја пронајдете смислата доколку не живеете во согласност со своите вредности и навистина не се запознаете себеси.  

Нема да успејам

Ако очекувате неуспех, тогаш сѐ што правите е подготовка за пропаст. Подобро е да прифатите дека понекогаш работите се одвиваат добро, а понекогаш – не и плус можете да учите и растете од работите кои ги толкувате како неуспех. Користете и техники за позитивни афирмации и со тоа ќе го зголемите уверувањето дека ќе успеете.

nike air max 1 sale