Отпочнато асфалтирањето на улицата „Боро Менков“ во Скопје Север

Започна асфалтирањето на улицата „Боро Менков“ во Скопје Север.

„Со одлична динамика напредува реконструкцијата главната улица во Скопје Север. Со реконструкцијата опфатени се паркинзите како и пешачките патеки“, истана градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Проект е во вредност од 27.000.000 денари.

„Вложуваме 1 милион евра во населеното место Скопје Север“, порача градоначалникот.