Отпочнати градежните активности за реконструкција на улицата „Ангел Мојсковски“ во населеното место Расадник

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека продолжуваат со реконструкција на улиците во населеното место Расадник.

Костовски информираше дека денес започнале со градежните активности на улицата Ангел Мојсковски во ова  населено место.

Најави дека нскоро ќе се реконструираат и улиците: Александар Грличков и Љубинка Басотова.

„Предходно ја реконструиравме и главната улица во ова населено место, улица 21 и улицата 2. Инвестираме и градиме онаму кадешто никој во изминатите децении немал интерес. Продолжуваме, заедно со сите вас да ја градиме и развиваме општина Бутел во модерно и подобро место за живеење“, порача градоначалникот во објавата на Фејсбук.