
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека започнале со градежните активности на улица „2“ во населеното место Расадник.
Тој посочи дека со реконструкцијата ќе се обезбедат и нови паркинг места.
Инаку, улицата е долга 250 метри и е со површина од 1000 метри квадратни.
„Наскоро ќе се реконструираат и улиците: Ангел Мојсковски, Александар Грличков, Љубинка Басотова“, истакна Костовски, кој воедно посочи дека предходно ја реконструирале и главната улица во ова населено место, улицата „21“.