Отпочната реконструкција на повеќенаменското игралиште во Мралино

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски информираше дека започната била реконструкција на повеќенаменското игралиште во Мралино.

 Со проектот целосно ќе се уреди игралиштето со: нова вештачка трева и мини трибина, нова заштитната ограда, нови голови и мрежи за мал фудбал и ново осветлувањето со ЛЕД светилки.

„Продолжуваме да вложуваме во спортот, за младите креираме современ, безбеден и функционален простор за спорт, дружење и рекреација. Продолжуваме со изградба на нови и реконструкција на постојните игралишта и во другите населени места, поддршката на спортот и младите остануваат да бидат еден од клучните приоритети во нашата работа“, истакна Георгиевски во објава на Фејсбук.