Отпочната реконструкција на две улици во Горно Лисиче: Нов асфалт ќе добијат „Ѓорѓи Капчев 22“ и „Божин Николов“

Општина Аеродром започна со градежни работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“ во Лисиче, во должина од 221 метар, при што ќе се асфалтира површина од 838 квадратни метри. 

Паралелно, ќе се реконструира и дел од улицата „Божин Николов“, во должина од 268 метри, со вкупна асфалтна површина од 994 квадратни метри.

Оттаму велат дека обновата на овие две улици е дел од проектот со кој се планира реконструкции на 18 улици низ општината.

„По отстранувањето на стариот асфалт, на двете улици ќе се изврши замена на тампонскиот слој со дебелина од 30 сантиметри, со што ќе се обезбеди поквалитетна, побезбедна и подолготрајна патна инфраструктура. Овие активности се дел од проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина Аеродром, соопштија од Општината.