
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски сподели дека започнала изградба на фекална канализација за дел од Миладиновци.
„Станува збор за проект кој го ветив пред граѓаните во изборната кампања, а со истиот ќе ги опфатиме домовите во централниот дел на Миладиновци кои досега немаа пристап до ваков систем со што ова неселено место ќе има 100 % покриеност со фекална канализација“, истакна Георгиевски.
Проектот предвидува изградба на примарна канализациска мрежа со краци и приклучоци во должина од околу 4.570 метри, која ќе биде поврзана со веќе постоечката пречистителна станица.
„Вложувањето во комуналната инфраструктура е од особена важност за мене како градоначалник, бидејќи со тоа придонесуваме за подобрување на локалниот економски развој, ја зголемуваме заштита на животната средина, што директно влијае врз поквалитетен живот на жителите“, нагласи градоначалникот.