Отпадот како ресурс за добивање енергија и разлики помеѓу линеарната и циркуларната економија - Интервју со Бојана Станојевска Пецуровска, Претседател на Центар за климатски промени

Разликата помеѓу линеарната економија и циркуларната економија е во тоа што линеарната економија ја следи онаа традиционална логика – од ресурс до отпад. Она што ја карактеризира линеарната економија е прилично неефикасната употреба на ресурсите. Во циркуларната економија, производните системи се дизајнирани на таков начин што е овозможено производите и отпадните материјали да бидат повторно употребени, односно да бидат рециклирани.

Многу повеќе за предностите на циркуларната економија и други интересни факти и информации за користењето на отпадот како ресурс за добивање енергија, ќе дознаете доколку го погледнете интервјуто на Бојана Станојевска Пецуровска, Претседател на Центар за климатски промени: