Отпадот и ѓубрето да ги замениме со трева и чиста околина - Ѓорче се вклучи во акцијата за чистење диви депонии

Отпад, депонија, ѓубре да ги замениме со трева, дрва, чиста околина. Да тргнеме од себе за да работиме за себе. Општина Ѓорче Петров се приклучи кон акцијата на ЈП,,Комунална хигиена” за чистење на дивите депонии.

На годишно ниво од општината се изнесува 15 000 тони на ѓубре, или просечно секој жител за 365 дена фрла околу 300 килограми отпад. Проблемот е во несовесното депонирање на ѓубрето. Природата не е контејнер!

Заедно со општинската администрација, ученици, вработени во КХС, комуналната служба испративме порака, да се подигне јавната свест кај сите жители на планетата земја за совесното постапување со отпадот. Не е срамно да се чисти, срамно е да се валка, порача градоначалникот Александар Наумоски .

Целта на акцијата е подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии што директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните.