Откриваме како да ги зголемите градите по природен пат

Иако се повеќе жени се одлучуваат за зголемување на градите со помош на пластични операции, ова не е единствениот начин. Градите можат да се зголемат и со правилен избор на храната, па еве неколку совети кои ќе им помогнат на оние кои сакаат побогато деколте.

Храна богата со естроген

Естрогенот е женски хормон којшто е одговорен за раст на градите, како и многу други нешта. Секако, нашиот организам природно произведува естроген додека сме во пубертет, па се до 18-та или 19-та година. Така што нема штета да се консумира храна богата со овој хормон кој ќе придонесе за зголемување на вашето деколте. А тоа значи дека исхраната треба да ја збогатите со грав, леќа и леблебија, млечни производи како сирење и јогурт, зачини (детелина и оригано), овошје (јаболки, вишни, сливи), зеленчук (морков, краставица, репка), житарки (ориз, пченица, јачмен).
Храна богата со протеини

Хормоните естроген и прогестерон имаат значајна улога во одредувањето на големината на градите. Ако сакате пополни и поцврсти гради, важно е на телото да му овозможите природно и засилено лачење на овие женски хормони.

Наједноставно е тоа да се направи со помош на намирници полни со протеини – црвено месо, јајца, пилешко и мисиркино месо и риба. Што се однесува до зеленчукот тука се мешунките, јаткастите плодови, спанаќот, тофу и зелен лиснат зеленчук.

Храна која ја подобрува циркулацијата

Зголемената циркулација му носи на вашето тело бројни предности. Освен поубава кожа и намалување на целулитот, здравата циркулација прави чуда и за вашите гради. Циркулацијата ја урамнотежува работата на организмот, но и лачењето на хормоните.

Освен со вежбање и реакреација, тоа може да се постигне и со намирници како лукот, темното чоколадо, ѓумбирот, цитруси, гоја бобинки, авокадо, лубеница, овес и аспарагус.