Откриј ја љубовта и покажи му ја на целиот свет

Земи ја насмевката и подари ја на човек кој никогаш не се насмеал.

Земи еден сончев зрак и направи да одлета онаму каде што владее ноќта.

Откриј го изворот и во него избањај го оној кој живее во кал.

Земи една солза и стави ја на лицето на оној кој никогаш не плачел.

Земи ја храброста и стави ја во душата на оној кој не се осмелува да се бори.

Откриј го животот и за него проповедај на оние кои не можат да го разберат.

Земи ја надежта и живеј во нејзиното светло.

Земи ја добрината и дарувај ја на оној кој не знае да дарува.

Откриј ја љубовта и покажи му ја на целиот свет!

Махатма Ганди