Откриени уште два соеви на омикрон

Светската здравствена организација ја прошири листата на загрижувачки видови на коронавирус на два нови соеви.

Станува збор за омикронски соеви BA4 и BA5.

Овие соеви се откриени во Јужна Африка, но веќе се појавија во Европа, како и во Германија.

СЗО ги наведе новите соеви како загрижувачки, бидејќи ефектите од мутацијата се непознати.

Директорката на програмата за вакцинација на СЗО, Кејт О’Брајан, ги предупреди владите ширум светот на опасноста од предвремено олеснување на епидемиолошките мерки.

„Пандемијата сигурно сè уште не поминала“, рече таа.