Откриени нови вакцини со истечен рок

Нови вакцини со декларации со истечен рок се најдени при инспекцискиот надзор на терен во вакциналните пунктови, еден ден пред посетата на претставници од белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белград.

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Ќахил Ибраими, не открива за колку вакцини МРП со погрешно аплицирани декларации станува збор и во кои здравствени домови и градови. Проверка се правеше и на целата документација на компанијата „Македонија лек“, која е увозник и дистрибутер на вакцината МРП до здравствените домови.

Инспекторите во средата биле во компанијата „Македонија лек“, каде што и во текот на вчерашниот ден ја проверувале документацијата.

Треба точно да се утврди на колку вакцини им биле аплицирани декларации со истечен рок. Планираме денеска да ги имаме резултатите од контролата и да ги обелодениме. Се проверуваат и вакциналните пунктови. Ќе излеземе со точен број на вакцини што се најдени деновиве со декларации со истечен рок. Кај вакцините нема никаков проблем со рокот, сите се со важечки рок и се работи за сериозна фирма производител. Тоа што е направено со декларациите е техничка грешка. Ќе има санкции за компанијата увозник по ваквиот пропуст, тоа во моментов го разгледуваме, изјавил Ибраими за „Независен весник“.

new nike air max 2019