Иако многумина се обидуваа да ги одгатнат скриените пораки во неа, мислејќи дека го опишува животот на пејачот, вистината е дека таа воопшто не била наменета за Проески.

Песната „Игри без граници“, која трагично загинатиот Тоше Проески ја отпеа само неколку месеци пред смртта, беше песна која дефинитивно ја одбележа неговата кариера.

– Тоа е песна што ја напишав пред да го запознаам Проески. Една или две години пред да ја отпее Тоше, се сретнав со продуцентот Никша Братош, кој соработуваше со Тоше, и му реков дека имам песна што не сакам да ја дадам на никого, туку сакам да ја отпеам сам, дури и да ја упропастам, но бесплатно да ми помогне да ја средам. Ме праша како се вика, му реков „Игри без граници“ и тој веднаш се согласи. По некое време, додека заедно се возевме со автомобил, Тоше почна да пребарува по моите цедиња барајќи песни за кои слушнал дека не сакам да ги давам на други и првата што ја најде беше „Игри без граници“. Тоа беше крај. Рече дека тоа е песна за него и воопшто да не сонувам за тоа да ја пее некој друг, раскажува Мирослав Дрљача Рус, автор на песната.

Кога стигнале во студиото со таа песна, многумина зборуваа дека таа песна е тешка за него и дека е сė уште премлад.

– Кога ја отпеа песната сите беа воодушевени. Ја отпеа од прва и потоа ме повлече на страна, загрижен за тоа како звучел. Му реков дека ја отпеал подобро отколку што јас ја напишав – се потсетува Рус.