
Бирото за јавна безбедност при МВР и Царинската управа во заедничка акција откриле поголема количина дрога на граничниот премин Богородица. Неофицијално, на ГП Богордица координирано бил пресечен канал за шверц на наркотична дрога. Тимови од Царина и полиција од синоќа на „Богородица“ вршат детални проверки на камион, пренесува Република.
Дрогата била пронајдена во камион со македонски регистерски ознаки, кој бил товарен со рециклирана отпадна хартија, според првичните информации во земјава влегол од Косово и требало да оди за Грција, па од таму кон Турција како веројатна крајна дестинација.
Повеќе детали за акцијата се најавуваат во текот на денот.