Откриена е нова галаксија со три ѕвезди

Светот моментално е сведок на неверојатно мобилно искуство и внесувачки технолошки изуми кои стануваат новата норма за комуницирање во светот. Оваа 2020 година е во знакот на бројот 20 кој што во нумерологијата означува бесконечен потенцијал во завршување на проектите, а можностите за практичен начин како истото може да се реализира, се сè повеќе реални.

Компанијата Samsung во февруари 2020 година ја лансираше новата S20 серија на мобилни уреди. Серијата содржи три модели, S20, S20+ и S20 Ultra. На прв поглед, вниманието ви го привлекуваат трите камери кои што изгледаат како три ѕвезди на позадината на телефонот и елегантниот изглед, кој како камелеон се адаптира на сечиј стил. Секој од телефоните е посебен на свој начин, со свои уникатни капацитети, но заеднички им се квалитетните камери и големите екрани кои се прозорец кон дигиталната реалност која со овие мобилни уреди дефинитивно изгледа дека се претопува со вистинската реалност која нè опкружува со реалистичните прикази на содржините кои се прикажуваат.

Galaxy S20 Ultra е најдобриот од најдобрите во оваа постава. Има најголем екран од 6,9 инчи, најголем капацитет на батерија на 5.000 mAh што овозможува безгрижно споделување на различни содржини со најблиските без никакви грижи дека батеријата набрзо ќе биде испразнета, а RAM меморијата од 12 или 16 GB и најголемата внатрешна меморија за складирање од 128 или 512 GB и можноста за дополнување на дополнителна меморија со microSD картичка, инстантно го решава проблемот на модерниот корисник кој сака сите омилени моменти да ги има постојано на дланка, на било кое место и во било кое време. Galaxy S20+ е со слична димензија, но истата е малку помала во споредба со Ultra моделот. Има дисплеј од 6,7 инчи, капацитет на батерија од 4.500mAh, 12 GB RAM меморија и простор за складирање од 128 или 512 GB. Најмалиот модел е стандардниот Galaxy S20. Има 6.2-инчен дисплеј, батерија од 4.000mAh, 12 GB RAM меморија и простор за складирање од 128 GB.

Ако чекавте момент да го надоградите и модернизирате вашето секојдневие и начинот на кој комуницирате со вашите најблиски, овие три модели од Galaxy S20 серијата се вистинскиот начин и момент да го направите тоа. Со неверојатните три камери на секој модел од Galaxy S20 серијата, фотографиите се неверојатно реалистични, а со камерата без преседан на S20 Ultra моделот и со Space Zoom опцијата, имате можност да уживате и во најситните детали на светот околу вас со дури 100 пати поголем зум од било кој уред досега, како и со 8K опцијата за снимање видеа од најзначајните моменти од животот. Од чувството дека можете да фотографирате и снимате како професионалец ве двои само еден клик на екранот.

Со новата S20 серија на мобилни уреди, уште еднаш се докажа дека Samsung го води патот кон модерниот начин на живот кој постојано нè повикува и кој е изграден врз мобилните иновации на компанијата Samsung и визијата иднината да се претвори во сегашност со секој нов претставен уред.

Овие три ѕвезди од Galaxy S20 серијата, отвораат нови хоризонти на вашиот екран преку кој може да се искуси галаксијата на мобилните иновации на лесен и практичен начин, а истите дефинитивно ги менуваат правилата на игра во светот на мобилната технологија. Со Samsung Galaxy S20 серијата секојдневието со сигурност се трансформира во поубава, помодерна, подобра и попрактична реалност од било кога досега.