
Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина во Фејсбук објава реагира на, како што вели, трендот на малолетници што уништуваат урбана опрема и немањето на родителска грижа.
„Овој тренд на малолетници што уништуваат урбана опрема никогаш нема да престане додека нивните родители не бидат фактурирани да ја платат истата и плус уште една, па малку да поодат во социјално со децата и ред други работи, па да чистат по општина малце корисна работа. Откорнале клупа па ја возеле на тротинети, демек тоа е нешто за браво па се постирале за да видат сите колку се они откачени? Деликвенти без родителска грижа“, напиша Ина.